[ФОТО/ВИДЕО] Лукашенко пристигнал во Северна Кореја со бројни подароци, Ким Џонг Ун најмногу го израдувала пушката: „За секој случај“

Точка

26/03/2026

14:00

763

Големина на фонт

а а а

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја заврши посетата на Северна Кореја, а посебно внимание привлекоа подароците што ги разменил со лидерот на оваа земја, Ким Џонг-Ун.

Севернокорејскиот лидер му врачил на белорускиот лидер сабја и голема вазна украсена во традиционален стил на земјата, со разни школки, како и златна монета искована по повод посетата на белорускиот претседател на ДНРК.



Лукашенко, исто така, му врачил подароци на Ким од белоруска страна. Традиционално, тие вклучуваа домашни прехранбени производи, меѓу кои чоколадо „Претседател“, белоруски слез-колачиња и црн леб.

Посебен подарок за севернокорејскиот лидер била јуришната (автоматска) пушка ВСК.

Се чини дека токму овој подарок најмногу го израдувал Ким Џонг-Ун. Севернокорејскиот лидер изразил благодарност, внимателно ја разгледал јуришната пушка, ги појаснил нејзините спецификации, па дури и се обидел да ја наполни.



„За секој случај, ако се појават непријатели“, му рекол Лукашенко.

Претседателот на Белорусија на корејскиот лидер му подарил и слуцки појас, објаснувајќи дека тоа е белоруска реликвија. Таквите долги, широки појаси, со прекрасен дизајн и сложено ткаење од скапоцени нишки, биле вообичаени во белоруската земја пред неколку векови и сведочеле за благородното потекло на нивните сопственици.