СКРМ: Вработените во гостиварскиот театар се изложени на силен притисок

Макфакс

26/03/2026

12:39

115

Големина на фонт

а а а

Синдикатот на културата (СКРМ) информира дека дошол до, како што наведува, сериозно загрижувачки информации за состојбите во Театар Гостивар, по донесени осум правосилни судски пресуди.

Според синдикатот, вработените во институцијата се изложени на притисоци и им се наметнува чувство на вина за финансиските обврски што произлегуваат од судските постапки. Дополнително, како што се наведува, тие се заплашуваат дека театарот може да биде затворен и дека би можеле да останат без работа.

СКРМ тврди и дека на вработените не им се доставува програмата за работа, со образложение дека средствата ќе се пренаменат за покривање на судските трошоци.

Оиндикатот најавува дека доколку продолжи притисокот, ќе преземе законски мерки за заштита на вработените, при што лицето кое врши притисок ќе биде јавно посочено и против него ќе бидат покренати соодветни постапки.