47-годишен маж отвори оган со пушка во парк покрај реката Немунас во Каунас, Литванија.
Полицијата реагираше брзо, а напаѓачот се обиде да ги уништи доказите, фрлајќи дел од оружјето и муницијата во реката, објави „Делфи“. Во домот на осомничениот беа пронајдени повеќе од 30 куршуми, нож и супстанции за кои се сомнева дека се наркотици.
Тој неодамна беше ослободен од затвор, претходно беше осудуван неколку пати и е познат по бегствотод затвор пред шест години, пренесува Танјуг.
Сведоци ја опишаа сцената во која мажот мирно ја чистел пушката додека минувачите минувале, а потоа почнал да пука.
Инцидентот се случил во непосредна близина на училиште, градинка, фитнес центар и пешачка патека.








