САД го зголемуваат производството на оружје поради војната на Блискиот Исток

Макфакс

25/03/2026

15:54

154

Големина на фонт

а а а

Американското Министерство за одбрана соопшти дека склучило договори со одбранбената индустрија за значително зголемување на производството на ракети, ставајќи ја индустријата „во воена состојба“, поради засилената потрошувачка на муниција во конфликтот на Блискиот Исток.

Во соопштението се наведува дека американските, израелските и заливските сили користат големи количини пресретнувачки ракети против иранските напади, што отвора прашања за нивните резерви.

Пентагон најави четирикратно зголемување на производството на клучни компоненти за системот THAAD, еден од најнапредните системи за противракетна одбрана, кој интензивно се користи во регионот.

Дополнително, договор со компанијата „Локид Мартин“ предвидува забрзување и четирикратно зголемување на производството на тактичкиот балистички проектил PrSM, кој за првпат бил употребен во конфликтот со Иран.

Воедно, е постигнат и трет договор со „Ханивел аероспејс“ за зголемување на производството на клучни компоненти за американските залихи на муниција.