[ВИДЕО] Иран го исмеа предлогот на САД за прекин на огнот: Преговарате сами со себе

Макфакс

25/03/2026

12:18

1.360

Големина на фонт

а а а

Воениот портпарол на Иран ги исмеа напорите на САД да посредуваат во прекин на огнот, велејќи дека Американците во суштина преговараат сами со себе. Неговите коментари дојдоа кратко откако администрацијата на Доналд Трамп му испрати на Иран предлог за прекин на огнот од 15 точки, со посредство на Пакистан, објави Асошиејтед Прес.

„Не го прикривајте поразот како договор“

Во претходно снимена изјава емитувана на иранската државна телевизија, потполковникот Ебрахим Золфагари рече дека стратешката моќ на Соединетите Американски Држави се претворила во „стратешки неуспех“.

„Доколку навистина бевте глобална суперсила како што тврдите, веќе ќе се извлечевте од овој хаос. Не обидувајте се да го прикажете вашиот пораз како договор. Вашето време за празни ветувања заврши“, рече Золфагари.

„Дали вашите внатрешни конфликти ескалираа до тој степен што преговарате сами со себе?“, праша тој. „Нашата позиција е иста од првиот ден и ќе остане таква: некој како нас никогаш нема да се согласи на договор со некој како вас. Ниту сега, ниту никогаш“, заклучи тој.