Откако ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за „продуктивни“ разговори, Иран изјави дека ќе ја продолжи војната. Портпаролот на Врховната воена команда изјави дека вооружените сили ќе се борат „до целосна победа“.
Слична порака претходно испрати и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран и Либан и покрај изјавите на Трамп за преговорите, што Иран постојано ги негира, пренесуваат агенциите.
Медиумите потсетуваат дека израелскиот истражувачки центар „Алма“ објави проценка дека Иран во моментов има околу 1.000 ракети. Според нивните податоци, Иран влезе во војната со околу 2.500 балистички ракети што можат да бидат лансирани од камиони или од подземни силоси.
Израел и Иран разменија оган преку ноќ. Техеран лансираше ракети и беспилотни летала кон сојузниците на САД во Персискиот Залив, додека Израел започна нов бран напади на друг фронт – против проиранската милиција Хезболах во Либан.








