Клоп им се налути на медиумите: Никој од Реал не ми се јавил

Макфакс

24/03/2026

09:50

256

Големина на фонт

а а а

Секогаш кога некој голем клуб ќе се најде во проблем и размислва за смена на тренерот, медиумите шпекулираат со едно име, Јирген Клоп. Германецот моментално раководител на спортскиот сектор на „Ред Бул“, испрати жесток протест кон австрискиот печат, по повод пишувањата дека е во преговори со Реал Мадрид.

„Тоа е глупост. Ниту еднаш не ми се јавиле. Дали Реал или Перез ме повикаа и ме прашаа: Јирген, дали ти се допаѓа ова? Или е доволно некоја веб-страница или вештачка интелигенција да пишуваат такви глупости? Досадно е. Ако добиев повик од Реал, ќе слушневте за тоа. Но, не ме бараа. И што е следно, дека го преземам Атлетико во исто време? Извините, Мадрид. Треба прво да ме повикате пред да одговорам на било што. И да, не планирам да го напуштам Ред Бул во скоро време“, рече Клоп.