Зидан ќе биде новиот селектор на Франција

Макфакс

23/03/2026

12:19

216

Големина на фонт

а а а

Дидие Дешамп ќе ја напушти функцијата селектор на француската репрезентација за неколку месеци, а името на неговиот наследник е веќе познато, според откритијата на весникот „Паризиен“.

Дешамп го потврди ова оваа недела кога го објави списокот за претстојните натпревари на „Триколорите“, за неколку месеци тој повеќе нема да биде селектор на Франција.

Името на наследникот на Дешамп, Француската фудбалска асоцијација се обидува засега сè да го чува во тајност, за да не го ремети митор во тимот пред следните предизвици и да отвори дополнителни дискусии.

Сепак, според „Паризиен“, нема дилема дека Зинедин Зидан ќе го наследи Дидие Дешамп. Иако сè уште ништо официјално не е потпишано, преговорите се водат веќе неколку недели, а постигнат е и устен договор за идна соработка.

Доаѓањето е практично веќе договорено, а потпишување на договорот би можело да се случи дури и пред Светското првенство.

Сепак, парискиот весник наведува дека главното барање на Зидан е да има значително поголем персонал од Дешамп, кој работел со долгогодишни соработници во релативно тесен круг.