Хрватска се соочува со недостиг на гориво

Макфакс

23/03/2026

12:16

188

Големина на фонт

а а а

Во последните денови, Хрватска се соочува со недостиг на гориво, а едната од двете пумпи во Удбина е затворена, додека другата, во сопственост на ИНА, работи само до 13 часот.

На пумпата, која е затворена, пиштолите за гориво се заклучени со катанци и завиткани во пластични кеси. Сопственикот на пумпата, Амир Велаџиќ, тврди дека оваа одлука била неизбежна.

„Ја донесовме одлуката затоа што Владата на Република Хрватска ги намали нашите цени од корен. Дизелот е 20 центи под куповната цена, обичниот дизел 7 до 11 центи. Немаме интерес да го продаваме. Треба да се платат работниците, и од каде“, изјави Велаџиќ за хрватскиот „РТЛ Данас“.

Втората бензинска пумпа во Удбина работи само до 13 часот.

„Не е добро. Нашата е отворена до 13 часот, а најблиската е во Грачац. Тешко е, навистина тешко“, се пожали Никола за „RTL Danas“.

„Точам каде што можам, многу одам пеш, многу работам. Сега е тешко“, додаде Анте од Удбина. ИНА наведува дека ја следат ситуацијата, но засега не планираат да го продолжат работното време.

Претседателот на Здружението на претприемачи „Глас“, Борис Подобник, верува дека ваквите случаи ќе стануваат сè почести. „Никој не е доволно силен да работи со загуба. Тоа значи дека си Дедо Мраз, кој дава гориво. Едноставно не е одржливо“, рече тој.

Министерот за економија Анте Шушњар најави помош за малите дистрибутери.

Сепак, Подобник верува дека ова е добар, но недоволен чекор. „Акцизите можат да се намалат за уште 5 до 6 центи, а ДДВ може да се намали од 25 на 15 проценти. Ова се тешки времиња, државата мора да се задолжи, е уверен Подобник, пренесува Танјуг.