Поради техничка грешка на бензинска пумпа во Германија, возачите полнеа дизел по 1,20 евра за литар

Макфакс

21/03/2026

11:40

517

Големина на фонт

а а а

Во градот Бинде во Северна Рајна-Вестфалија, возачите добија можност што ретко се случува – да наполнат дизел по неверојатно ниска цена од 1,20 евра за литар. Техничка грешка на една бензинска пумпа предизвикала гужва и необични сцени во среда вечерта, пишуваат германските медиуми.

Возачите не полнеле само за себе, туку и за други, за да не ја пропуштат шансата за евтино гориво.

Според сопственикот на пумпата, дефектот бил во автоматското подесување на цените, а грешката била забележана дури кога сосед го известил.

Цената потоа била рачно исправена, но за околу 90 минути купувачите можеле да наполнат гориво по погрешната ниска цена.

Во последно време, многу Германци од пограничните области често одат во соседните земји како Полска или Баварија за поевтино гориво