[ФОТО] Возач во Штип фатен со 105 км/ч во населено место

Макфакс

21/03/2026

11:10

255

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17:20 часот на булевар „Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

„Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција. Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во...

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Saturday 21 March 2026