Најголема ѕвезда на Детроит Пистонс, Кејд Канингем доживеа сериозен здравствен проблем (пневмоторакс) и го очекува долга пауза.
Според, новинарот Шемс Чаранија, на Канингем му е дијагностициран колапс на белите дробови, поради што ќе биде надвор од теренот подолг временски период.
Оваа вест е огромен удар за Детроит Пистонс, кои во голема мера се потпираат на својот лидер и најдобар играч, со кого цела сезона се на првото место во Источната конференција.
Канингем беше клучен фактор во играта на Пистонс оваа сезона и еден од најдоследните играчи на тимот, а еден период се споменуваше и како кандидат за MВП.
Засега не е прецизирано колку долго ќе трае отсуството, но се очекува дека закрепнувањето ќе бара време и претпазлив пристап пред да се врати на паркетот.
Минимумот што се очекува е Кејд да отсуствува неколку недели.
Канингем оваа сезона има просек од 24,5 поени, 5,6 скока и 9,9 асистенции по натпревар, со 46 проценти шут од поле.
Плејофот во НБА започнува за еден месец, на 18 април.







