[ВИДЕО] Спортот не познава граници: Вака изгледа кошаркарски натпревар во Северна Кореја

Точка

19/03/2026

17:10

752

Големина на фонт

а а а

Во Северна Кореја официјално започна Пролетниот национален спортски фестивал за 2026 година, манифестација која обединува професионален спорт и масовни спортски активности низ целата земја. Спортската програма започна со машки кошаркарски натпревар во кој силите ги одмерија тимовите Амнокганг и 25 април, пишува севернокорејската „KCNA“.

Натпреварувачката програма опфаќа повеќе од 540 категории во рамки на 30 различни дисциплини, меѓу кои најзастапени се фудбалот, кошарката, одбојката, кревање тегови, гимнастиката и теквондото.

Свечената церемонија на отворањето се одржа во Ледената сала во Пјонгјанг, во присуство на највисоките државни функционери.

Меѓу присутните беа потпретседателот на Кабинетот и претседател на Државната планска комисија Пак Џонг Гун, кој ја извршува и функцијата потпретседател на Националниот комитет за спортски насоки, како и претседателот на корејскиот комитет за теквондо Ким Мјонг Гун.

На настанот присуствуваа и бројни спортски функционери, натпреварувачи и граѓани на главниот град.

Агенцијата наведува дека министерот за физичка култура и спорт, Ким Ил Гук, го прогласил фестивалот за отворен во своето воведно обраќање.

Тој изрази уверување дека овој спортски настан ќе послужи како важен поттик за подигнување на работниот морал на народот кој, цврсто обединет околу Работничката партија на Кореја, „напредува кон остварување на голема победа“.