Белгискиот премиер: Нормализацијата со Русија е можна само со мир во Украина

Макфакс

19/03/2026

12:48

117

Големина на фонт

а а а

Белгискиот премиер Барт де Вевер денес изјави дека нормализацијата на односите со Русија би била можна само со мир во Украина.

Порано во интервјуа, Де Вевер се залагаше за обновување на европските односи со Москва со цел повторно да се добие пристап до евтина руска енергија, што е спротивно на официјалната политика на ЕУ за одржување цврст став кон Москва поради нејзиниот напад врз Украина и постепеното повлекување од руските фосилни горива, објавува Ројтерс.

Пред состанокот на лидерите на ЕУ, премиерот на Белгија појасни дека нормализацијата може да се случи само кога ќе се постигне траен и одржлив мир во Украина, додавајќи дека Белгија продолжува да врши притисок врз Русија и ја поддржува Украина, објавува Танјуг.