Блејк Филдер-Сивил, поранешниот сопруг на покојната пејачка Ејми Вајнхаус, со која бил во брак од 2007 до 2009 година, се осврнал на долгогодишните обвинувања дека исклучиво тој е виновен за нејзината прерана смрт во 2011 година.
Во неодамнешно гостување во поткаст, Филдер-Сивил признал дека сноси дел од одговорноста, но ги отфрлил обвинувањата дека тој бил единствената причина за нејзините проблеми со зависноста.
„Мојот став сега е дека знам дека многу луѓе, особено оние кои ги читале медиумите пред 20 години, можеби сметаат дека јас сум одговорен за смртта на Ејми“ рекол Блејк во поткастот „We Need to Talk“. „Како што секогаш велев, никогаш не се плашам од одговорност. Ако сум направил нешто, тоа и ќе го признаам“, додал тој.

„Не ја присилив да користи дрога“
Иако потврдил дека бил со Ејми кога прв пат пробала хероин, истакнал дека таа „пробала кокаин“ со нејзиниот поранешен партнер и пред да биде со него.
„Никогаш не ја обвинував личноста која прв пат ми даде дрога“ додал Сивил па истакнал: „Никогаш не разбрав, мислат ли тие луѓе дека јас ја присилив Ејми да користи дрога? Тоа едноставно не се случи“.
Тој нагласил дека пејачката на хитот „Rehab“ била „многу силна жена“. „Ејми самата ги носеше своите одлуки“, продолжил 43-годишникот. „И тоа воопшто не е непочитување кон неа, но Ејми го направила она што сакала да го прави. Иако пиењето почнало да ја уништува, таа продолжувала“, додал тој.

Иако не прифаќа целосна одговорност, Филдер-Сивил признал дека се „помирил“ со фактот дека имал улога во нејзината смрт, која настанала поради случајно труење со алкохол. Патолозите во тоа време не пронашле илегални супстанции во нејзиното тело. „Не бегам од одговорност, но таа идеја дека јас тоа секојдневно ѝ го овозможував – не. Не бев дилер“, нагласил тој.
„Сè тргна наопаку“
Филдер-Сивил кој бил во затвор во времето на нејзината смрт, рекол дека и денес сè уште се чувствува поврзан со неа. „Никогаш нема да кажам: „Ејми беше лоша“. Но, знам дека Ејми не би сакала да седам тука 20 години подоцна и да тврдам дека сè е моја вина. Таа би рекла: „Смири се, душо. Ајде. Кажи им ја вистината“, споделил тој.

„Бевме само млади зависници. Не почнавме така, но станавме такви, а тоа може да му се случи на секого. Нашата љубов немаше никаква врска со зависноста, а зависноста немаше никаква врска со нашата љубов. Тука сè тргна наопаку. Тоа не бевме ние“, заклучил поранешниот сопруг на пејачката.











