Дончиќ продолжи да доминира и носи триумфи за Лејкерс, Кер дојде до 600. победа во кариерата

Дерби

17/03/2026

10:35

182

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ игра импрресивно во последно време, а тие негови партии придонесоа Лос Анџелес Лејкерс да влезе во ритам и забележи шест победи во низа.

Најновата дојде во дербито на Западот против Хјустон Рокетс каде „езерџиите“ како гости триумфираа со 100:92. Словенецот шести меч во низа „испука“ 30+ кошеви или поточно неговиот учинок против „ракетите“ беше 36 поени, 6 скока и 4 асистенции.

Уште тројца играчи беа двоцифрени, Џејмс уфрли 18, Ривс 15 и Смарт 11 кошеви, односно сега Лејкерс со ефект 43-25 е на третото место во западната конфереција зад Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс.

Кај поразените Смит Џуниор беше прв стрелец со 22 поени.

Голден Стејт Вориорс го доби Вашингтон Визардс со 125:117 и со тоа тренерот Стив Кер конечно дојде до 600 победа во кариерата. Тој стана четврти најбрзи тренер со ваков резултат по Фил Џексон, Пет Рајли и Грег Попович.

Инаку Стив како играч имаше 601 триумф и сега заедно со Дон Нелсон се единствени кои како активни кошаркари и тренери успеале да слават на 600+ мечеви во најдобрата кошаркарска лига на светот.

РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Орландо 124-112

Вашингтон – Голден Стејт 117-125

Бостон – Феникс 120-112

Бруклин – Портланд 95-114

Чикаго – Мемфис 132-107

Њу Орлеанс – Далас 129-111

Хјустон – ЛА Лејкерс 92-100

ЛА Клиперс – Сан Антонио 115-119