Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот

Макфакс

16/03/2026

22:10

134

Големина на фонт

а а а

По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Тој упатува искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка, како за лекувањето на македонските пациенти во странство, така и за третманот на пациентите во нашата земја.

„Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш“.

По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели...

Posted by Timco Mucunski on Monday 16 March 2026