Двајца малолетници нападнати во Скопје – случаи пријавени во Ѓорче Петров и Чаир

Макфакс

16/03/2026

15:13

222

Големина на фонт

а а а

Два одделни случаи на физички напад врз малолетници се пријавени во СВР Скопје.

На 15.03.2026 во 19:30 часот, С.П.(53) од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Во друг случај, Ф.К.Б.(39) од Скопје пријавила дека на 14.03.2026 на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кого го познавал.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.