Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, присуствува на настанот во Кочани посветен на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
„Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Сочувство кон родителите и нивните најблиски. Нека им е вечен споменот“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
„Една година непребол, болка и тага.
Алексова Стефанија, Атанасовски Мартин, Јорданова Сара, Стојанов Александар, Петров Александар, Минова Драгана, Алексова Сара, Џамов Јорданчо, Трајчев Иван, Ѓоргиев Џоко, Стевановски Филип, Коларов Александар, Величков Иван, Стојанов Андреј, Антова Ивона, Христовски Павел, Димитријев Диме, Насевски Никола, Наунова Надица, Јорданов Виктор, Тасева Стојковска Лепа, Алексов Александар, Минов Божидар, Милковска Кети, Златков Томас, Богданов Тоше, Тодоровски Тоше, Коцева Ана, Живков Адријан, Петрушов Гордан, Горгиев Игорче, Стојанов Томче, Стоименова Моника, Стојанов Стојанчо, Пројковска Николовска Сара, Шопова Марија, Ивановски Петар, Ѓорѓиев Александар, Марковски Матеј, Закова Бојана, Василков Ѓорѓи, Ѓорѓиески Андреја, Ивановски Филип, Стрезоска Марија, Ефремов Александар, Велков Игор, Соколова Стефанија, Велков Леонид, Панов Андреј, Иванов Димитар, Стоименов Спиро, Владимиров Јове, Андонов Ице, Тасевски Стефан, Величков Ѓорѓи, Христова Сања, Танески Дамјан, Спасова Моника, Лазаров Андреј, Карадакоски Александар, Гавриловски Александар, Стефанов Стојанче, Блажев Владимир Панчо.
Вечна им слава.
Нека почиваат во мир. Сочувство до семејствата“, пишува во друг пост по повод годишнината од трагедијата.












