Израел тврди дека го уништил авионот на убиениот ирански лидер Али Хамнеи

Макфакс

16/03/2026

12:42

201

Големина на фонт

а а а

Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили уништиле авион што го користел покојниот врховен ирански лидер Али Хамнеи во неделата навечер. Авионот бил погоден во „прецизен удар“ на аеродромот Мехрабад во главниот град Техеран.

„Уништувањето на авионот ја поткопува способноста на раководството на иранскиот режим да се координира со силите на Оската, неговите напори за зајакнување на својата воена моќ и неговата способност да ги обнови сопствените капацитети“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.