[ФОТО] Емотивен момент во Кочани: Мајка на една од жртвите му стави на Мицкоски беџ со скршено срце и датумот 16.03.2025

Макфакс

16/03/2026

12:15

1.171

Големина на фонт

а а а

„Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.

Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети“, додаде премиерот.