Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста: од вторник дожд

Макфакс

16/03/2026

07:58

193

Големина на фонт

а а а

Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Времето во наредните денови

Во вторник и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.