Eдно лице загина, а неколку се тешко повредени во неколку сообраќајки

Макфакс

14/03/2026

17:40

288

Големина на фонт

а а а

Во три одвоени сообраќајни несреќи што се случиле на 13 март во Скопје и Битола, едно лице загинало, а повеќе други се здобиле со тешки телесни повреди.

На улицата „Адем Демачи“ во Скопје, околу 15:20 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“, управуван од А.Љ. (18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ управувано од А.Б. (35), сите од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал 18-годишниот мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Неколку часа подоцна, во 19:01 часот, во Битола на улицата „Крушевска Република“ патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.М. (61) од Битола, удрило во пешакот Н.И. (41) од Прилеп. Повредениот пешак бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Истата вечер, во 21:12 часот, на крстосница составена од патот А3 се случила уште една сообраќајна несреќа помеѓу „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувана од Ј.П. (33) од Битола, и „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (22) од селото Кукуречани. Во несреќата Д.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека Ј.П. поминал со телесни повреди.