Манчестер Сити доживеа тежок пораз на гостувањето кај Реал Мадрид и ќе мора да брка три гола негатива на реваншот на „Итихад“.
Без разлика во кој состав ќе настапи шпанскиот клуб, јасно е дека повторно ќе одигра на високо ниво, па Пеп Гвардиола искрено одговорил дека неговиот тим нема реални шанси за подвиг и можност за пласман во четвртфиналето.
– Во ваква ситуација, немаме многу шанси да стигнеме до четвртфиналето.
– Секако дека ќе се обидеме, ќе го анализираме овој натпревар, ќе видиме каде треба да се подобриме и со офанзивна игра ќе бркаме победа.
– Проблемот не е во ротациите на одредени позиции, туку работата на целиот тим, сите играчи кои требаше да и помогнат на одбраната. Единствената промена ја направив со Хусанов и тоа поради Винисиус, не може тоа да биде причина за ваков пораз, – рекол Гвардиола.








