Јокиќ испиша трипл-дабл историја, Ленард го наполни кошот на Минесота

Дерби

12/03/2026

11:56

164

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ успеа брзо да стигне до трипл-дабл ефект и со помош на соиграчите да го откаже Хјустон од желбата за позитивен резултат во Колорадо, па ѕвездите на Денвер имаа можност и да одморат во завршницата од мечот кој заврши со убедлива победа 129:93.

Српскиот центар за нешто повеќе од 30 минути стигна до 16 поени, 12 скокови и 13 асистенции, комплетирајќи го 25-тиот трипл-дабл сезонава. НБА објави дека Јокиќ станал првиот играч во историјата со најмалку 25 трипл-дабл натпревари во текот на четири последователни сезони.

Џамал Мареј беше најефикасен на овој натпревар, кој го заврши со 30 поени.

Каваи Ленард броеше до 45 и ги одведе Лос Анџелес Клиперс до победа над Минесота, на натпревар на кој Едвардс немаше голема полза од 36 постигнати поени за гостинскиот тим.

Орландо – Кливленд 128:122

Њу Орлеанс – Торонто 122:111

Јута – Њујорк 117:134

Денвер – Хјустон – 129:93

Сакраменто – Хорнетс 109:117

ЛА Клиперс – Минесота 153:128