Мицкоски лаже, Марта Кос потврди сè што говори СДСМ, велат од оваа партија

Макфакс

11/03/2026

19:33

390

Големина на фонт

а а а

Затворањето на постмониторингот не е успех на Мицкоски ниту на неговата анти ЕУ кампања, тоа е уште една нивна лага како и сè друго, истакнуваат од СДСМ.

Тој чекор за преминување на нормално известување, како што велат, е врз основа на реформите започнати во претходниот период од страна на СДСМ. Како што е успех и членството на НАТО.

„Да не бил периодот на владата на СДСМ, а да останеле на власт Никола Груевски и ВМРО сигурно ќе имавме уште 25 години поради кршење на демократските стандарди, корупција и притисок врз институциите.

Исто како што денеска нема никаков напредок. А што воопшто може да се извести? Дека ВМРО е тројански коњ.

Нема подобар доказ дека Европа не ја сакаат.

Денеска Марта Кос, еврокомесарката за проширување, предупреди за „токсичните влијанија на Русија и други“ и упати јасна порака во името на ЕУ.

Нема место за тројански коњи, како што Македонија има со ВМРО, со нивните проруски вицепремиери, сестринската партија СНС и кинеските пари.

Се потврдува тоа што го говори СДСМ цело време“.

На граѓаните на Македонија, додаваат од опозициската партија, од кои повеќе од 70% се за ЕУ, сега им е јасно по сите овие докази дека Македонија поради Мицкоски и ВМРО-ОКГ, поради нивниот криминал и корупција, не оди кон ЕУ туку кон изолација.

Според СДСМ, ЕУ и известувачот за нашата земја во Европскиот парламент, Томас Вајц се јасни: Реформи во правосудството, малцинствата во Уставот, слобода на говор, слобода на медиумите.

„Но, Мицкоски не сака во ЕУ. Затоа намерно измислува конфликти со соседите, со Бугари и Грција.

Сè кај Мицкоски е лага. Дури и неговата измислена приказна за „влез во ЕУ без право на глас“.

Толку деманти од ЕУ нема добиено ниту една држава досега.

Како што лажеше дека ќе го врати името, така лаже и сега“.