Хоџа со претставници на ЕБОР: Продлабочување на партнерството за модерна инфраструктура и зелени инвестиции

Макфакс

11/03/2026

19:31

166

Големина на фонт

а а а

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со делегација на Европската банка за обнова и развој, предводена од Елена Гордеева, директор и раководител на Секторот за инфраструктура за Европа, со седиште во Лондон и Фатих Туркменоглу, раководител на ЕБОР за Северна Македонија.

На средбата се разговараше за тековната соработка меѓу Министерството и ЕБОР и за можностите за нивно понатамошно унапредување. Претставничката на ЕБОР изрази подготвеност за продолжување и проширување на соработката, со фокус на модернизација на инфраструктурата, зелена транзиција и подобрување на квалитетот на животната средина.

Хоџа ја истакна важноста на партнерството со ЕБОР во реализацијата на клучните еколошки проекти во Северна Македонија, нагласувајќи дека поддршката од меѓународните финансиски институции е исклучително значајна за забрзување на реформите и воведување современи решенија за предизвиците во животната средина