[ФОТО/ВИДЕО] Бој Џорџ ѝ се обрати на Чапел Роан по видео на кое таа се расправа со фановите: „Поентата е да...“

Точка

11/03/2026

16:14

252

Големина на фонт

а а а

Бој Џорџ се осврнал на границите што пејачката Чапел Роан ги постави кон обожавателите и ѝ порачал дека треба „да ја прифати славата и малку да се опушти“.

Фронтменот на „Culture Club (64) реагирал на виралната снимка на која 28-годишната Чапел Роан се снима додека се расправа со група обожаватели кои, наводно, ја следеле низ Париз.

На снимката, која ја забележал случаен минувач, Чапел во камерата говори дека поради таквото однесување нема чувство дека ја третираат како личност.

„Само се обидувам да одам на вечера, а овие луѓе неколкупати ги замолив да ме остават на мир“, вели таа, а потоа се врти кон еден обожавател кој и понатаму упорно бара автограм.

„Оваа личност неколкупати ја замолив да си оди, но не сака… Го кријат лицето затоа што им е срам“, додава музичарката.

Колегата ѝ дал совет

Бој Џорџ ѝ дал совет на Чапел Роан и ѝ порачал дека треба да го прифати вниманието додека трае, бидејќи славата не трае вечно и дека тоа е составен дел од животот на една поп-ѕвезда.

На социјалната мрежа „X“ напишал: „Знам дека ова можеби не помага, но долго сум во оваа работа и на потешкиот начин учиш дека нема посебни привилегии кога градиш имиџ на екстравагантна ѕвезда.“

„Гледав како @ChappellRoan во Париз ги снима папараците и се насмеав, затоа што и јас многупати сум се расправал со нив. Поентата е да ја прифатиш славата“, продолжил тој.


„Да, понекогаш е напорно, но не е лесно ни кога сите те игнорираат и ти велат дека си ‘поранешна ѕвезда’. Сè и онака се случува сега и мислам дека Чапел Роан изгледа одлично, но нека се опушти малку. Светот ѝ е отворен, нема смисла постојано да војува со него. Често ти треба повеќе време да одбиеш некого за фотографија или автограм отколку едноставно да го направиш тоа. Постојаните приказни за граници на луѓето брзо им здосадуваат – понекогаш е полесное сè да се реши со љубезност.“

Која е Чапел Роан?

Чапел Роан е американска пејачка која ја воодушеви генерацијата Ген З. Родена е во мало место во Мисури, а кариерата ја започнала уште како тинејџерка, снимајќи преработки на песни што ги објавувала на YouTube. Веќе на 17 години го потпишала својот прв договор со голема издавачка куќа.


Своето уметничко име Чапел Роан го избрала како посвета на својот дедо, чија омилена песна била „The Strawberry Roan“. Иако во еден момент ја напуштила издавачката куќа и продолжила самостојно, тоа се покажало како одличен потег.

Својот прв албум „The Rise and Fall of a Midwest Princess“ го објавила во 2023 година, а многумина ја пофалија за свежината што ја донесе во поп-индустријата. Во нејзината музика се застапени теми поврзани со нејзиниот queer идентитет и личните борби во љубовта.