Израел потврди дека новиот ирански врховен лидер е ранет, Техеран вели дека е жив и здрав

Макфакс

11/03/2026

12:17

101

Големина на фонт

а а а

Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи е полесно ранет во нападите, според разузнавачка проценка на Израел, објави Скај њуз.

Висок израелски функционер изјавил дека веруваат оти тоа е причината зошто Хамнеи не се појавил во јавноста откако пред три дена беше именуван за врховен лидер.

Претходно денеска се огласи советник на владата и син на иранскиот претседател, Јусеф Пезешкијан, кој изјави дека Хамнеи е „жив и здрав“, пренесе Гардијан. Во објава на Телеграм тој навел дека се распрашал кај луѓе упатени во ситуацијата и дека му било кажано дека лидерот е добро.

Шпекулациите се засилија бидејќи Хамнеи не се појавил во јавноста откако го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи.

Според Њујорк тајмс, тој бил повреден уште првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, повикувајќи се на изјави на ирански и израелски официјални лица.