Проектил погодил тајландски брод во Ормускиот Теснец, тројца исчезнати

Макфакс

11/03/2026

14:02

188

Големина на фонт

а а а

Тајландски брод бил погоден од непознат проектил во Ормускиот Теснец, при што тројца членови на екипажот се водат како исчезнати, соопшти тајландското Министерство за транспорт, пренесе Ројтерс.

Од бродот биле спасени 20 членови на екипажот, кои го напуштиле пловилото со спасувачки чамец, а ги презела морнарицата на Оман.

Според министерството, експлозијата на бродот предизвикала пожар во машинската просторија, каде што во моментот на инцидентот се наоѓале тројцата исчезнати морнари.