На престижниот вински натпревар MUNDUS VINI, Бовин освои 3 златни и 4 сребрени медали, а винаријата Бовин е прогласена за најдобра во земјава.
Не е тајна дека вината на Бовин се квалитетни, и дека тоа се препознава и надвор од границите на нашата земја. Веќе неколку години по ред вината на Бовин се меѓу најнаградуваните на реномираниот интернационален вински натпревар MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија, каде и оваа 2026 година винаријата Бовин, трета година по ред е прогласена за најдобра винарија во Македонија.
Уште позначајно е што квалитетот е препознаен од стручни лица, меѓународно жири кое го сочинуваат 300 вински експерти – енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од различни земји, кои неколку дена дегустираа, евалуираа и оценуваа вина од целиот свет „на слепо“.

Вината на Бовин во конкуренција со најпознатите винарии од целиот свет, освоија 3 златни и 4 сребрени медали, што претставува огромен успех и потврда за врвен квалитет. Златни медали освоија следниве вина: Бовин Era 2015, Бовин Chardonnay 2025, Бовин Emotion Reserva 2021, Сребрени медали освоија: Muscat Imperator dry бело вино 2025, Daron Barrigue Cuvee 2020, Pinot Noir 2025, Бовин A’gupka 2015 и My Way 2015. Истовремено Бовин Chardonnay 2025 е прогласено за најдобро бело вино во Македонија.

„Наградите секогаш не мотивираат да бидеме уште подобри, но и не прават горди. Никогаш не сме правеле компромиси кога е квалитетот во прашање и така ќе биде и во иднина, ќе создаваме висококвалитетни вина направени за уживање,“ изјавија од Бовин.
MUNDUS VINI е еден од најпрестижните вински натпревари во светот, каде што се натпреваруваат над 12.000 вина од водечки вински земји. И оваа година вината се оценуваа според 20 критериуми, вклучувајќи ја категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус. Оценувањето се вршеше во согласност со стандардите на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната унија на енолози (UIOE).

Натпреварот вклучува вина од познати вински региони како Чиле, САД, Франција, Австралија, Аргентина и многу други.
MUNDUS VINI е основан од Meininger Verlag и е еден од најзначајните вински натпревари во светот. Неговата цел е да го промовира квалитетот на виното и да им овозможи на производителите, лозарите, увозниците и потрошувачите да учествуваат на интернационален форум, каде што ќе можат да ги споредат своите вина и да добијат вредно признание за својот труд.












