Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи

Макфакс

11/03/2026

10:40

189

Големина на фонт

а а а

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи, при што се повредени четири лица, јавија официјалните власти.

Првично беше соопштено дека два дрона паднале во близина на аеродромот утрово, без да се наведе точната локација. Подоцна владата на Обединетите Арапски Емирати на социјалните мрежи соопшти дека дроновите биле соборени. Сè уште не е познато како четирите лица се повредени.

Меѓународниот аеродром во Дубаи е најпрометниот аеродром во светот по бројот на меѓународни патници. Надлежните брзо го продолжиле работењето на аеродромот, додека авиокомпаниите се обидуваат да го намалат заостатокот поради илјадниците откажани летови.

Ова е втор ваков инцидент во последните пет дена. Во саботата се појавија снимки од напад во близина на една терминална зграда, но тогаш немаше повредени.