„Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува. Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува? Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи“, соопшти СДСМ.
„Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не.
Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот.
Во ек на нафтената криза, РКЕ го смени начинот на одредување на цените на горивата. Да важеше стариот систем на пресметка, РКЕ денес ќе мораше да ја намали цената на горивата и граѓаните веќе од утре ќе купуваа поевтин бензин и дизел.
Вака граѓаните плаќаат поскапи горива, 3 милиони евра повеќе за само 7 дена. Толку ги чини граѓаните оваа одлука на владата на Мицкоски.
За Мицкоски и неговата Влада сè е бизнис – дури и кога граѓаните плаќаат поскапо секој ден“, се наведува во соопштението на СДСМ.








