Македонски концепт започна со реизбор на партиските тела

Макфакс

11/03/2026

08:34

165

Големина на фонт

а а а

Општинскиот комитет на Македонски концепт (ОК на МК) во Битола со ново раководство.

„За координатор е избран Марјан Неделкоски, приватен стопанственик, дипломирал менаџмент, татко на две деца.

Заменик координатор е избрана д-р Јасмина Димитровска Босилкова, доаѓа од банкарски сектор, магистер по бизнис администрација МБА менаџмент и доктор по јавна администрација со објавени над 10 научни трудови на домашни и меѓународни научни конференции и со 20 години работно искуство во финансии и осигурување, лиценциран осигурителен брокер, мајка на едно дете.

Илија Митревски, долгогодишен активист и еден од основачите на партијата Македински Концепт е избран за секретар на ОК Битола.

Тој е техничар за транспорт и шпедиција, со доусовршување по менаџмент, со што стекнал знаења во областа на организација, управување со тимови и стратешко планирање. Татко на две деца“, известува Македонски концепт.

„На координативниот состанок присуствуваше и претседателот на партијата д-р Петар Богојески, универзитетски професор и политички активист, кој потекнува од битолскиот крај на Македонија. Во неговото излагање го истакна значењето на Битола за македонството и визијата на Македонски Концепт за општината и генерално за преспанско – пелагонискиот крај. Координаторот Неделкоски истакна нескрена мотивиранист за локален настап и развој на партиската структура во градот и околните општини. Заменик координаторот Босилкова во своето излагање изнесе дел од локалната програма за економски и институционален развој на Битола и грижа за огромното иселување на населението, особено младите лица.

Политичката партија Македонски Концепт, која е дел од владината коалиција Твоја Македонија и на последните локални избори беше дел од партиите кои дадоа поддршка за избор на актуелната локална самоуправа во Битола, започна со реизбор на партиските тела низ цела држава. Тие најавија и критичен однос кон слабостите кои е неопходно да се надминат, со цел да не се повтори разочарување на граѓаните во политиките на управување со општината и државата“, се додава во соопштението на Македонски концепт.