Колку и да е мала партиципацијата, повредените во „Пулс“ не треба да ја плаќаат, вели министерот Алиу

Макфакс

09/03/2026

13:32

156

Големина на фонт

а а а

На само неколку дена од одбележување една година од пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредни, министерот за здравство Азир Алиу извести дека работна група бара начин како да ги ослободи од партиципација повредните кои се принудени да доплаќаат за здрасвтвените услуги. Министерот Алиу вели дека тоа е негово лично ветување, на кое веќе се работи.

„Дефинитивно ние работиме на креирање на програма бидејќи знаете партиципација е законска надлежност за да може на секоја институција да се плати за секој пациент. Разговараме со работната група да најдеме начин како тоа да влезе во некоја од постојните програмите кои што ги имаме. Тоа ни е едно од ветувањата, лично мое и на Владата за да може да се реши тој проблем. Таа партиципација, колку и да е мала, треба да се отстрани со цел да може таа комуникација меѓу институциите и семејствата или граѓаните кои имаат некаков тип на барање на третман да можат да не плаќаат партиципација“, рече министерот Алиу денес при посетата на болницата во Кочани во која почнаа активности за уредување на дворот.

Во кочанската болница се расчистуваат деловите на кои со години се трупало ѓубре и вегетација. Директорката на болницата Катерина Паниќ – Мирчовска и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, најавија повеќе паркинг места во кругот на болницата и полесен пристап за возилата на Итна медицинска помош, за пациентите, но и з авработените во болницата. Грдоначалникот Грозданов најави дека е предвидено и демонтирање на модуларната болница, чекор со кој ќе се обезбеди дополнителен простор за паркирање.