Украина испраќа експерти за дронови во Јордан за да ги заштитат американските бази

Макфакс

09/03/2026

07:30

197

Големина на фонт

а а а

Украина испрати тим експерти за беспилотни летала и пресретнувачи за да помогнат во заштитата на американските воени бази во Јордан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди ова во интервју објавено за „Њујорк тајмс“, пишува Ројтерс.

Зеленски рече дека САД побарале помош минатиот четврток, а украинскиот тим заминал следниот ден. Според извештајот, нивното пристигнување на Блискиот Исток се очекува наскоро.

„Ќе обезбедиме сè што е потребно за заштита на цивилите“

„Добивме барања за тоа како да им помогнеме на цивилите на Блискиот Исток и на американските војници распоредени во некои земји. Одговоривме дека ќе испратиме експерти и ќе обезбедиме сè што е потребно за нивна заштита. Како дел од овој дијалог, разгледуваме голем број прашања. Кога станува збор за зајакнување на капацитетите, ние сме исклучително заинтересирани тоа да биде во заемна корист. Разговорите се движат во таа насока“, напиша Зеленски вчера на Икс.