23-годишен затвореник почина на скопските клиники, телото дадено на обдукција

Макфакс

08/03/2026

16:52

810

Големина на фонт

а а а

Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Скопје починал на Комплексот клиники Мајка Тереза, откако бил донесен со влошена здравствена состојба.

Како што информира полицијата, на 7 март во СВР Скопје од клиниката било пријавено дека кај нив бил донесен С.Р.(23) од Скопје, кој бил осуденик во Затвор Скопје.

Тој починал во 20:10 часот во здравствената установа, а лекар констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Засега нема дополнителни информации за околностите под кои починал