Во американската амбасада во главниот град на Норвешка, Осло, рано утрово одекна експлозија која предизвикала помала материјална штета, но нема повредени, соопшти норвешката полиција.
Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила на влезот во конзуларниот дел на амбасадата, како и дека на тоа подрачје не биле пронајдени други експлозивни направи.

„Истрагата беше спроведена на местото на настанот со помош на кучиња, дронови и хеликоптер, а се трагаше по еден или повеќе потенцијални сторители“, се наведува во соопштението.
Експлозијата се слушнала од комплексот на амбасадата во западниот дел на Осло околу 1 часот по полноќ, а над тоа подрачје се појавил густ чад, изјавиле очевидци за „Reuters“.
🚨 JUST IN: Norway police CONFIRM that the US Embassy is Oslo was targeted by an EXPLOSIVE DEVICE, detonating around 1AM near the entrance
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) March 8, 2026
Minor injuries and damage reported
We're facing Islamic TERROR CELLS worldwide. Keep Americans safe at all costs!pic.twitter.com/6jzHlu9Kmv










