Расел победи во Мелбурн пред Антонели и Леклер

Макфакс

08/03/2026

10:42

283

Големина на фонт

а а а

Новата сезона и новата ера во Формула 1 започна со двојна победа на Мерцедес. Големата награда на Австралија ја освои Џорџ Расел пред Андреа Кими Антонели и Шарл Леклер од Ферари.

Што се однесува до самата трка, таа започна спектакуларно каде што во првите неколку круга голема борба водеа Ферари и Мерцедес и каде што дури и Леклер изгледаше посериозно и поконкретно од Расел.

Како што одминуваше трката и тактиките излегуваа на виделина, предноста на Ферари почна да се намалува… Ферари направи грека, кој често пати им се случуваше во изминатите сезон. Не заминаа на смена на гумите, кога на патеката беше возилото за безбедност. Тој подарок го искористи Мерцедес.

Гумите ги сменија на време, ги зазедоа првите две места и го оставија Ферари над 10 секунди зад нив, што беше доволно за убедлива победа во Мелбурн.

Веднаш зад најдобрите тројца се пласираа, седумкратниот шампион Луис Хамилтон, по него следуваат Ландо Норис, Макс Ферстапен, Оли Берман, дебитантот Линдблад, Бортолето и Пјер Гасли.

Актуелниот шампион Мекларен ја започна трката само со Ландо Норис, бидејќи Оскар Пјастре имаше инцидент пред почетокот на трката, а Нико Хулкенберг исто така отпадна.

Фернандо Алонсо, Исак Хајар и Валтери Ботас се откажаа за време на трката.

Сезоната продолжува наредниот викенд со трката за Големата награда на Кина.