НОЌ НА ОГАН ВО ТЕХЕРАН: САД и Израел погодија пет нафтени постројки во срцето на Иран

Макфакс

08/03/2026

11:13

892

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави и Израел погодиле пет нафтени постројки во ноќни напади во иранската престолнина и нејзината околина, изјавил еден функционер за државната телевизија.

„Синоќа непријателски авиони нападнаа четири складишта за нафта и центар за транспорт на нафтени деривати во Техеран и Алборз“, изјави за државната телевизија директорот на Националната иранска компанија за дистрибуција на нафтени деривати, Керамат Вејскарами.

Тој додаде дека сите пет постројки се оштетени, но дека пожарите се ставени под контрола.

Израелската офанзива врз Иран влезе во нова фаза, во која цел се енергетските ресурси во земјата.