Челси ја прекина серијата на лоши резултати во Премиер лигата и тоа со славје на незгодниот терен во Бирмингем кај Астон Вила.
„Сините“ славеа со 4-1 на „Вила Парк“ во меч во кој блесна Жоао Педро со хет-трик и асистенција, а во листата на стрелци се запиша и Кол Палмер.
Со ова славје Челси дојде до 48 бода во сезоната и се врати во колосек, трка за позициите кои водат во Лигата на шампионите во наредната сезона. Поранешниот англиски репрезентативец, Питер Крауч беше воодушевен од изданието на клубот од Лондон и притоа издвои двајца играчи.
- Би платил пари за да ги гледам, Жоао Педро и Кол Палмер, - истакна Крауч кој го запраша тренерот Лиам Росениор за потенцијалот што го има Бразилецот.
- Страшно, страшно. Со оглед на нивните години, задоволство е да се работи со нив секој ден. Исто така неговиот менталитет, тој е воин. Тој е фантастичен фудбалер, но е и силен и физички подготвен. Знаеме дека тој е извонреден играч и за мене има уште многу да даде, што е уште подобро за нас, - порача предводникот на клубот од Лондон.








