BEAM 2026: Публицис Груп доби награда за Најдобар корпоративен настан за прославата на 40 години НЛБ Банка

Точка

06/03/2026

16:07

154

Големина на фонт

а а а

Секогаш е задоволство да се прославуваат успесите, особено кога тоа се прави на искрен начин, кој јавноста го препознава. Но, за секој успех е потребен труд, многу работа и квалитетен и посветен тим кој е подготвен да ги реализира дури и најамбициозните замисли.

Токму таков е тимот на Публицис Груп, кој ја освои наградата за Најдобар корпоративен настан на овогодинешниот BEAM Festival, за организирање на прославата за 40-от роденден на НЛБ Банка Скопје.


Одделот за организација на настани на Публицис Груп, заедно со креативниот тим на Saatchi&Saatchi и во соработка со тимот на НЛБ Банка Скопје организираа спектакуларен гала концерт со нашиот најголем виртуоз на пијано, маестро Симон Трпчевски, кој настапи во придружба на квинтетот Македонисимо и Камерниот ансамбл – солисти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и поп-дивата Каролина Гочева.

„Со огромна чест и задоволство ја примаме оваа награда и притоа сакаме да се заблагодариме на НЛБ Банка Скопје за укажаната доверба да организираме еден вака важен настан, кој одбележува јубилеј со кој малку компании во земјава можат да се пофалат. Честитки до целата екипа која беше вклучена во процесот и која помогна да го направиме невозможното – возможно“, изјавија од Публицис Груп.


Настанот кој се одржа на 26 ноември 2025 година во Националната опера и балет на едно место ги собра претставниците на институциите, партнерите и соработниците, клиентите, важните и истакнати поединци на Банката, како и вработените, кои ја имаа можност да уживаат во спектакуларна прослава која уште долго ќе се памети.

Претходно истиот ден беше организирана и конференцијата „NLBNext“ на тема „Иднината на банкарството“ која понуди интересни панел дискусии и го задржа вниманието на присутните. Беше креирана и интензивна ПР комуникација која неколку дена ги исполни економските рубрики на најрелевантните медиуми во земјава.


„Нашата прослава инспирирана од јубилејниот слоган Што ако можеш сѐ? и четирите децении посветеност, иновации и раст е доказ дека кога ќе се спојат луѓето, визијата и храброста, само небото е граница. Море од идеи, неколку креативни концепти и стотици часови тимска работа за да се создаде искуство што се памети.

Јубилејот на Банката беше повеќе од само настан. Тој беше живописно патување низ историјата, сегашноста и иднината, прослава посветена на извонредност и партнерства“, изјавија од НЛБ Банка.


Наградата од BEAM Festival уште еднаш ги потврдува високите стандарди кон кои се придржува Публицис Груп, особено кога е во прашање реализацијата на идеите на своите клиенти. Но, исто така претставува мотивација за енергичниот и креативен тим на Агенцијата да продолжи да ги тестира своите можности и да ја поместува границата на она што го дефинираме како успех.