Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол. Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка, праша на денешната прес-конференција Маја Борозан од СДСМ.
„За трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, пропусти на МВР.
Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави.
МВР на Панче Тошковски имале сознанија, имале индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.
Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност“.
МВР, оцени таа, потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.
„МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне.
Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.
Проблемот почнува од врвот. Рацете ви се крвави! Оставка“.







