Бејл ги стави Роналдо и Бензема во втор план и ги посочи тројцата најдобри со кои играл во кариерата

Дерби

06/03/2026

08:04

523

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл беше составен дел од ударното напаѓачко трио „BBC“ (Бејл, Бензема, Кристијано), па иако оствари неверојатни бројки заедно со своите соиграчи од нападот, Велшанецот има посебно добри спомени од тројца други соиграчи од Реал Мадрид.

Размислувајќи само на сувиот фудбалски квалитет кои го поседуваат, Бејл издвои тројца фудбалери кои му биле поинтересни за гледање, а тоа за него се Модриќ, Крос, но и Иско.

– Најдобрите играчи со кои играв и тренирав? Модриќ или Крос. Тие никогаш не ја губат топката. Не беа најгламурозни, не постигнуваа еден куп голови, но беа најдобри.

– Би кажал дека слична фудбалска класа поседуваше и Иско. И тој беше многу добар, на тренинзите беше брилијантен. За најдобар би бирал меѓу нив тројца, – вели Бејл.

Одговорот е извадок од гостувањето кое го имаше Велшанецот во „држете се до фудбал“ поткастот на „Скај Спортс“, емисија која ја водат легендарните Гери Невил, Полс Сколс, Рој Кин и Јан Рајт.