Црн густ чад ги вознемири жителите на Маџари: Пријавено лице што горело кабли

Точка

05/03/2026

19:15

264

Големина на фонт

а а а

Црн густ час попладнево можеше да забележи во населбата Гази Баба, а како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), било пријавено лице што горело кабли во населбата Маџари.

Случајот бил пријавен на бројот 112, по што екипа на скопската противпожарна бригада и полицијата се упатиле на местото.


Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за „360 степени“ изјавил дека огнот е изгаснат и пожарникарите се веќе вратени од терен. Како што рекол станувало збор за депонија, а причините за пожарот ќе ги утврдат надлежните органи.

„Интервенирано е со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, по што пожарот е целосно изгаснат“, изјавил Томевски додавајќи дека се работело за помала интервенција.

Фото: Слободен печат