Иран не бара прекин на огнот и не гледа причина да преговара со САД, изјави високиот ирански дипломат Абас Арагчи во интервју во живо за американската телевизија „Ен-би-си“. Арагчи, исто така, нагласи дека Иран не го затворил Ормутскиот теснец, се додава.
„Не гледаме никаква причина да преговараме со САД“, рече тој.
„Преговаравме со нив двапати и двата пати нè нападнаа во средината на преговорите“.
Арагчи, исто така, истакна дека Иран не го затворил Ормутскиот теснец, тврдејќи дека токму бродовите и танкерите одбиваат да поминат низ тој воден пат.
„Немаме намера да го затвориме сега, но како што продолжува војната, ќе ги разгледаме сите сценарија“, додаде тој.








