Трамп сака да учествува во изборот на нов ајатолах во Иран

Макфакс

05/03/2026

18:15

277

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да бидат вклучени во изборот на новиот врховен лидер на Иран, по убиството на Али Хамнеи во американско-израелските напади, објави „Аксиос“.

Иранските власти во меѓувреме најавуваат дека наскоро може да биде објавено името на неговиот наследник, а како главен кандидат се споменува неговиот син Мојтаба Хамнеи.

Трамп во разговор за „Аксиос“ изјави дека не го прифаќа тој избор.

„Тие губат време. Синот на Хамнеи е слаб. Морам да бидам вклучен во изборот, како што бев и со Делси Родригез во Венецуела“, рече Трамп.

Тој додаде дека САД нема да прифатат лидер кој би ја продолжил политиката на Али Хамнеи, бидејќи тоа, според него, би значело нова војна за неколку години.

„Синот на Хамнеи за мене е неприфатлив. Сакаме некој што ќе донесе мир во Иран“, изјави Трамп.