Драма меѓу инфлуенсерките: „Кога ќе ти ја откажат операцијата на нос во Иран поради глупавата војна“

Точка

05/03/2026

18:19

649

Големина на фонт

а а а

Иран е познат како светско средиште на ринопластика, но инфлуенсерките кои во 2025 година отпатувале во Иран на естетски зафати споделиле шокантни искуства откако се нашле среде воен конфликт, а сега повторно се вирални.

Додека конфликтот на Блискиот Исток продолжува веќе шести ден со меѓусебни напади меѓу Израел и Иран, странските државјани се обидуваат да се евакуираат од воените зони, на ТикТок вирални станаа снимки од инфлуенсерки кои заглавиле во Иран поради операција на носот.

„Заглавуваш во војна со нов нос“

Имено за некои патувањето во потрага по поубав нос се претворило во вистински кошмар. Алма Версо од Дубаи отпатувала во Иран на ринопластика во јуни минатата година, не претпоставувајќи дека за време на нејзиниот престој ќе избие дванаесетдневна војна меѓу Иран и Израел.


„Само тебе може да ти се случи: одиш со најдобрата пријателка во Иран на операција на нос и заглавуваш во војна“, напишала таа на ТикТок покрај видео на кое исплашено позира со носот сè уште во завои. Подоцна објаснила дека успеала да се врати во Дубаи откако се засолнила во село кај пријателка.


Слично искуство имала и Лија од Канада, која исто така била на операција на нос во Иран. Таа раскажала дека по зафатот останала заробена во земјата и дека „се разбудила од звукот на бомби“.

„Кога операцијата на нос ќе ти ја откажат поради глупава војна“

На други, пак, операциите им биле откажани поради избувнувањето на конфликтот. Никија Фашар од Тексас се пожалила на социјалните мрежи: „Кога операцијата на нос ќе ти ја откажат поради глупава војна меѓу Иран и Израел.“ Многумина во коментарите се согласиле со неа. „Иста ситуација, девојко. Уште една година со мојот голем нос“, напишала една корисничка, додека друга додала: „Сега се молам за следната година.“

Зошто Иран е популарен за операции на нос

Иран е меѓу водечките земји по бројот на операции на нос, а илјадници странски пациенти секоја година доаѓаат поради стручноста на локалните хирурзи и значително пониските цени. Во Техеран ринопластиката обично чини меѓу 1000 и 3500 британски фунти, односно околу 1150 до 4020 евра, што е значително поевтино отколку во Обединетото Кралство, каде цените се движат од 4000 до 10.000 фунти, односно околу 4590 до 11.450 евра.


Хаос при обидот за евакуација

Обидите за евакуација на цивили од Блискиот Исток се претвориле во хаос. Првиот британски евакуациски лет од Оман не успеал да полета, што го одложило враќањето на британските државјани дома. Според извештаите, исплашените патници удирале по прозорците на авионот и доживувале напади на паника додека беспомошно седеле на пистата во Мускат. Еден од нив ја опишал ситуацијата како „целосен хаос“.

Летот требало да полета од главниот град на Оман во среда во 23 часот, но тоа не се случило „бидејќи пилотите го одработиле максимално дозволеното работно време“. Министерството за надворешни работи утрово за „Дејли мејл“ изјави дека летот не полетал поради „технички проблеми“, но уверија дека авионот ќе полета подоцна во текот на денот.