Пеп не можеше да поверува што гледа: Сити не реализираше неверојатна шанса за победа во 98. минута

Дерби

05/03/2026

13:54

233

Големина на фонт

а а а

Некои шанси и голови понекогаш имаат посебна тежина и имаат големо значење во битките за титулата, а такво нешто видовме вчеравечер на „Итихад“ во самата завршница од мечот меѓу Манчестер Сити и Нотигем Форест.

Фаворитот двапати беше во водство и се чинеше дека е на добар пат да ги скрши жилавите „шумари“, но гостите успеаја да се вратат, па на крајот да расчистат и топка која речиси сите ја видоа во голот.

Во самата завршница, Сити напаѓаше со сите расположливи сили на теренот, а во таква ситуација, Бернардо Силва се најде во стопроцентна шанса по додавање од Доку.

Португалецот беше за нијанса пократок и не успеа да ја заврши акцијата, но во продолжение, топката заврши до Савињо кој имаше се на своја страна за да донесе драматична победа од 3:2.

Иако испрати удар, на вистинско место за Нотингем се најде Мурилјо, а неверојатните сцени дефинитивно не го оставија рамнодушен и Пеп Гвардиола кој се држеше за глава.

Останува да видиме дали оваа шанса ќе остане во негативно сеќавање меѓу фановите на Сити, особено поради тоа што по овој кикс Арсенал сега има седум бода плус на првенствената табела.