Болидите на Астон Мартин се опасни за возачите, Њуи навести што ќе се случува во Мелбурн

Дерби

05/03/2026

12:27

237

Големина на фонт

а а а

Формула 1 тимовите ги прават завршните подготовки пред првиот гран-при викенд од новата сезона, а трката во Австралија ќе има и посебно значење поради новите регулативи, односно сериозните промени на болидите кои носат уште поголема неизвесност.

Неколку дена пред премиерата, Адријан Њуи ги шокираше Ф1 фановите со најава дека болидите на Астон Мартин веројатно нема да можат да ја комплетираат трката во Мелбурн.

Њуи им потврдил на медиумите дека погонската единица на Хонда создавала натпросечно ниво на вибрации, кои може да значат здравствен ризик за возачите, па затоа и Астон Мартин нема да бара од нив да ги извозат сите 58 кругови.

– Фернандо (Алонсо) чувствува дека може да извози најмногу 25 кругови пред да ризикува оштетување на својот нервен систем, додека Ленс (Строл) не може да ризикува со повеќе од 15 кругови.

– Мора да направиме рестрикции околу бројот на кругови кои ќе ги извозиме, се додека не најдеме решение за изворот на вибрации кој создава проблеми, – рекол Њуи.

Претставникот на Хонда потврдил дека поради истиот проблем, погонската единица на јапонскиот гигант не може да ги испорача максималните перформанси и тоа се видело на тестирањата.